Како синот на Шумахер ќе се трка?
15-годишниот Мик син на Михаил Шумахер, изрази желба да се натпреварува во шампионатот во Формула 1.
Минатиот викенд под името Мик Јуниор заврши на второто место на шампионатот во Франција, а пред финалните возења победи на четирите подготвителни трки и покажа дека има потенцијал да тргне по стапките на неговиот татко.
Горд сум на остварениот резултат. Јасно е дека ова е само почеток на мојата кариера во која се надевам еден ден ќе станам светски шампион во Формула 1.
Таткото на Мик, легендарниот Михаел Шумахер, е седумкратен светски шампион во Ф1.
На крајот од минатата година по пад на скијање на Алпите во Франција тешко се повреди, а сега се наоѓа во својата куќа во Швајцарија каде продолжува со закрепнувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа