Борусија Дортмуд анулираше два голови негатива
Фудбалерите на Борусија Дортмунд успеаја да се вратат од 0:2 на синоќешниот натпревар со Штутгарт одигран на домашен терен во рамките на 5.коло од Бундес лигата.
Даниел Дидави со погодоците во 48. и 68.минута му донесе убава предност на својот тим која на крајот сепак се покажа како недоволна за победа, бидејќи Борусија прво намали во 78.минута преку Пјер-Емерик Обамејанг, а потоа преку Чиро Имобиле (86.минута) стигна до бод.
Резултати во 5.коло на германската Бундес лига: Баерн Минхен - Падерборн 4:0, Хофенхајм - Фрајбург 3:3, Вердер - Шалке 0:3, Ајнтрахт - Мајнц 2:2, Борусија Дортмунд - Штутгарт 2:2, Баер Леверкузен - Аугсбург 1:0, Борусија Менхенгладбах - Хамбургер 1:0, Хановер - Келн 1:0 и Херта - Волфсбург 1:0.
Табела: Баерн Минхен 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Хановер 10, Хофенхајм 9, Мајнц 9, Борусија Менхенгладбах 9,...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа