Кузмановска: Се предвидува значителен раст на извозот и градежништвото со Буџетот за 2015
На денешната Комисија за финансирање и буџет на која се разгледува предлод буџетот за 2015 година свое видување даде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузнамновска која нагласи дека станува збор за еден развоен буџет кој ќе ја движи економијата во позитивен правец.
Кузмановска нагласи дека македонската економија е тесно поврзана со економиите од европските држави и дека ако се земе во предвид бавното движење на европските економии и истите се споредат со македонската, ќе се забележи од досегашните податоци од 2014 година дека Македонија успева да го задржи позитивниот тренд во областа во економијата.
Растот на извозот и градежништвото претставуваат основни компоненти кои овозможуваат за позитивниот трент на БДП кој го подобрува стандардот на граѓаните. Кузмановска ги поздрави досегашните политики околу овие два компоненти посочувајќи дека и во 2014 овие сектори давале позитивни резултати. Околу Буџетот за 2015 година, Кузмановска посочи дека во градежништвото се очекува раст од 7,5 % додека пак како резултат на новите извозни капацитети звозот треба да порасне за 8,5%.
-
Можам да кажам дека основните компоненти кои го сочинуваат Бруто домашниот производ, економскиот раст на една држава го покажуваат, односно тоа се странските директни инвестиции, тоа е градежништвото, тоа е извозот и потрошувачката имаат позитивни економски показатели и тоа е реална основа за креирање на Буџетот за 2015 година, посочи Кузмановска.
Освен во овие два сектори Кузмановска се осврна и на квалитетната даночна дисциплина која се спроведува и сузбивањето на нелојалната конкуренција кои и помагаат на економијата.
Инвестициите во капиталните расходи од 21 милијарда денари само ја потврдуваат заложбата на оваа Влада за нови капитални инвестиции пред се во инфраструктурата.
Кузмановска не испушти да спомне дека иако инвестициите во инфраструктурата се едни од побитните со предвидувањата во овој Буџет, капиталните инвестиции кои се однесуваат со изградба и реконструкција на средни училишта, основни училишта, спортски сали и други образовни проекти исто така заземаат значаен дел од новиот Буџет на Република Македонија за 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа