Стартува меѓународната младинска конфернција во Крушево

Во Крушево денеска почнува 12. Меѓународна младинска конференција „Еевропски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“ која ќе трае до 29 септември.

Првата панел дискусија е посветена на „Влијанието на Европската Унија во регионот на Југоисточна Европа“. Ќе зборуваат државниот секретар за млади и спорт на Србија Ненад Боровчанин и претставникот на Младинската асоцијација од Грција Костас Филипидис.

Според програмата, ќе се одржат уште две панел дискусии на тема „Неформалното образование како мотив за активизам кај младите“ и „Пост социјалистичката носталгија - минато или актуелна тема?“.

На конференцијата учествуваат 55 млади луѓе од 12 држави, претставници од академската средина и политичари. Тие ќе ги искажат своите ставови, ќе разменат искуства и ќе донесат заеднички заклучоци во промовирањето на европските вредности како иднина на земјите од Југоисточна Европа и креирање европски перспективи преку разбирањето на вредностите кај младите луѓе.

Конференцијата, под покровителство на германската Фондација Фридрих Еберт–Канцеларија во Скопје, ја организира Младински Сојуз – Крушево со поддршка Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

26.09.2014 - 10:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега