Незири: Во 2015 година се очекува приоритет да биде гасификацијата на Македонија
Македонија се најде во топ 3 држави со позитивен економски раст во Европа, што само покажува дека Министерството за економија ја води вистинската политика, изјави, министерот за економија Беким Незири на гостувањето на вестите на МТВ.
Ако се направи компарација со првото тромесечие каде што БДП 3,9%, а во втората половина на годината БДП е 4,3%, значи дека имаме позитивен раст на БДП во државата. Истотака би сакал да напоменам дека овие позитивни економски резултати се последица на капиталните инвестиции што ги направи Владата на Република Македонија во ова тромесечие и резултат на позитивниот раст на директните странски инвестиции во слободните економски зони, како и другите компании кои што работат надвор од тие зони, истакна Незири.
Наскоро треба да стигне новата кредитна линија од Европската централна банка за мали и средни претпријатија со што треба да се врати кондицијата во приватниот сектор во Македонија.
Исто така се обрнува внимание и на енергетиката, а до сега е завршена првата фаза на прокетот на изградба на ветерниците во Богданци, каде што е инсталирана електрична моќност од 32 мега волти, направени се првите тестови и се очекуваат позитивни резултати.
-Гасификацијата е многу значаен процес во Македонија. Пред неколку месеци беше објавен тендерот за Скопје. Вториот дел е објавување на тендер за студија во западниот и во источниот дел на Македонија за гасификација и да се направат анализите како и да се следи европската пракса, односно во кој тек и каде да бидеме поврзани со гасоводот како и за тоа кој гас е подобар за Македонија, додаде министерот.
Во 2015 година, се очекува приоритет да биде гасификацијата на Македонија, заклучи Незири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа