Со новиот закон значително ќе се намали семејното насилство
Македонија направи голем исчекор во борбата против семејното насилство. Ако пред 10 години намаше никаква расправа по овa прашање, немаше никаква регулатива, сега овој проблем е стевен во правна рамка со првиот системски Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство кој беше донесен неодамна, а ќе стапи на сила од 1.1.2015 година.
Ова беше заклучено денеска на Регионалната работилница „Патот за подобрена заштита на жртвите и посилен прогон на родово базираното насилство и семејно насилство“ што се одржа во Скопје на која беа разменети мислења и искустава од претставници на повеќе земји од регионот.
На работилницата свое обраќање имаше и министерот за труд и социјaлна политика Диме Спасов: - Неодамна собранието на Р.Македонија го донесе првиот системски Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство кој има за цел да создаде сеопфатна правна рамка во кој системски ќе се унапредат состојбите против семејното насилство во нашата земја преку креирање на координиран и интегриран систем во сите подрачја на делување. Основните начела на кој се заснова овој закон се почитување на достоинството и личниот интегритет на жртвите на семејно насилство третирајќи го овој проблем како повредна на човековите права, истакна министерот.
Со овој закон се очекува значително да се намали семејното насилство.
-Формирано е национално координативно тело составено од претставници од надлежните министерства и значајните граѓански здруженија, усвоен е заеднички протокол за постапување во случај на семејно насилство и упатување. Се зајакнаа и капацитетите на професионалните структури преку наменски органзирани и сепофатни обуки на повеќе 560 професионалци од центрите за социјална работа, здрaвствените установи, воспитно-образовните, локалната самоуправа и граѓанските асоцијации. Системот за заштита од семејно насилство се подобри и преку советувалишта за деца и родители жртви на семејно насилство, истакна Спасов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа