Еве колку изнесувал БДП минатата година
Бруто домашниот производ во минатата година изнесува 499.559 милиони денари и во однос на 2012 година бележи номинално зголемување за 7 проценти, а реалната стапка на раст на БДП е 2,7, објави Државниот завод за статистика.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2013 година имаат секторите трговијата на големо и трговија на мало, поправката на моторни возила и мотоцикли, транспортот и складирањето, објектите за сместување и сервисни дејности со храна со 18,2 отсто.
Финалната потрошувачка во 2013 година, во однос на 2012 година, номинално расте за 3,7 проценти, а во структурата на БДП учествува со 89,6 проценти. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2013 година изнесува 43,8 проценти, говорат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа