Интензивно се гради автопатот Кичево-Охрид
Интензивно се гради автопатот Кичево-Охрид, инвестиција тешка 374 милиони евра. Монтирани се главните бетонски бази а изминативе денови се вршеше минирање на Пресека.
Изведувач на градежните работи е кинеската компанија „Синохидро лимитед“, а главни подизведувачи се македонските Гранит и Трансмет.
Автопатот Кичево-Охрид треба да биде долг 56 километри, а се очекува да биде завршен за четири и пол години.
30.09.2014 - 15:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа