Оглас за одобрување возни редови за линиски превоз на патници
Министерството за транспорт и врски денеска ќе го објави огласот за одобрување нови или промена на возните редови во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.
Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mk
Право да учествуваат на огласот, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, имаат сите заинтересирани превозници-правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 01.10.2014 година од 9 часот заклучно до 02.10.2014 година до 9 часот.
- Во електронското барање за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови за одобрени линии превозникот пополнува задолжителни податоци за исполнување на условите (критериумите) за одобрување на возниот ред согласно одредбите во член 24-а од Законот за превоз во патниот сообраќа и Правилникот за начинот, постапката и поблиските услови за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници, издавање, продолжување и одземање на дозволата за одобрена линија, формата и содржината на образецот на дозволата и возниот ред, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Одобрувањето за возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии кое се врши преку електронски систем во согласност со член 24-а став 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај.
- Овие начини на аплицирање и распределба го прават целиот процес максимално транспарентен, затоа што ја елиминира вклученоста на човечкиот фактор, исклучувајќи можноста за коруптивно дејствување во работењето и истовремено ја олеснува процедурата за аплицирање заштедувајќи време и непотребни трошоци и за превозниците и за администрацијата, се наведува во соопштението од Министерство за транспорт и врски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа