Партнерот на Мадам Пепи падна во рацете на македонската полиција
Војислав Будисављевиќ осуден во отсуство за случајот со „Мадам Пепи" е конечно екстрадиран, дознава Пресс24. Партнерот на Персида Момировска доби казна затвор во траење од три ипол години.
Тој се сомничи дека го организирал шверцот на кокаин од Перу во Македонија, како партнер на Персида Момировска.
Мадам Пепиго снабдувала македонскиот џет-сет со брендирана роба. Таа за време на судскиот процес рече дека за најголемиот дел дизајнерски парчиња со потписот на светски брендови платила данок.
02.10.2014 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа