Кривична за полицаец од Радовиш - еве што направил
30-годишниот полицаец М.К. од Радовоиш си заработи кривична пријава бидејќи предизвикал општа опасност. Според податоците од полицијата, полицаецот на 12 септември годинава му дал знак на моторциклист да застане, но тој не ја испочитувал наредбата и продолжил да вози. Полицаецот се разбеснил и од службениот пиштол испукал два куршуми.
Утврдено е дека пријавениот го употребил огненото оружје иако за тоа не биле исполнети условите.
02.10.2014 - 12:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа