Прилеп: Запалил Сканија и предизвикал штета од 100.000 денари
Непознат сторител предизвикал пожар запалил „сканија“, при што причинил материјална штета од 100.000 денари.
На 30.09./01.10.2014 година, во Прилеп на улицата „Андон Слабејко“ непознат сторител го скршил странично стакло од товарно возило „сканија“ сопственост на 49-годишниот Т.Б. по што фрлил пластично шише со запалива материја и предизвикал пожар. Насилникот причинил материјална штета од околу 100.000 денари.
Полицијата работи на случајот.
02.10.2014 - 13:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа