Извозот во првите осум месеци поголем од лани

 

Извозот од Македонија до август годинава изнесува 3.208.293.000 американски долари и бележи раст од 17,4 проценти во однос на осумте месеци од 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Увозот во периодот од јануари до авугст 2014 година изнесува 4.806.779.000 американски долари и е за 12,8 отсто поголем од истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз е 66,7 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 1.598.486 илјади американски долари.

Најмногу стоки 77,8 проценти се извезени во земјите од ЕУ, а 13,9 проценти во земјите од Западен Балкан. Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со овие пет земји се тргува 52,6 проценти од вкпната надворешно трговска размена.

Македонија најмногу увезува стоки од земјите во ЕУ 64,1 отсто од увозот.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, говорат податоците на Статистика.

03.10.2014 - 14:52

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега