Странските инвеститори ги полнат индустриските зони

 

Технолошко индустриските развојни зони се градат со засилено темпо. За 2015 година планирана е целосна изградба на зоните во Кичево, Ранковце и Струга и изградба на прва фаза од внатрешната инфраструктура од зоните во Радовиш, Берово, Виница и Делчево, информираат за Лидер од Дирекцијата н технолошко индустриски развојни зони.

Дирекцијата годинава има поголем буџет за 3, 2 милиони евра.

Главната причина за поголемиот буџет во однос на минатата година се трите нови странски инвестиции во слободните зони во Кичево, Струга-Охрид и Ранковце. Како што информираат од Дирекцијата за 2015 година предвиден е Буџет од 13,9 милиони евра, додека лани за оваа намена биле предвидени 9,02 милиони евра.

- Зголемувањето на буџетот во 2015 година пред се е резултат на најавените три нови инвестиции во ТИРЗ Кичево, Струга-Охрид и Ранковце, дел од кој се веќе во процес на реализација, со што Дирекцијата има обврска инфраструктурно да ги изгради овие зони до степен на функционалност. Во текот на 2015 година се очекува и завршување на изградбата на производствените капацитети и на другите компании кои ќе се лоцираат во ТИРЗ Скопје и започнување на изградба во ТИРЗ Скопје 2, вели Виктор Мизо, директор на ТИРЗ за Лидер.

Според Мизо, со зголемувањето на бројот на корисници-компании лоцирани во слободните зони и зголемувањето на бројот на функционалните зони, се зголемуваат и обврските на Дирекцијата за тековно инфраструктурно одржување на зоните, за кои во Буџетот за 2015 година се предвидени соодветни финансиски средства, вели Мизо и додава дека на овој начин Дирекцијата ќе биде во можност за континуирано исполнување на обврските кон корисниците на ТИРЗоните во Македонија.

Согласно ингеренциите на Дирекцијата за ТИРЗ, Дирекцијата има надлежност да обезбеди инфраструктурни приклучоци на идните корисници во зоните, односно на компаниите кои носат одлука за инвестирање во ТИРЗоните.

Дирекцијата ја гради внатрешната инфраструктура, односно – сообраќајници (внатрешна патна мрежа), водоводната и канализациската инфраструктура, снабдување со електрична енергија, осветлување на сообраќајници, водоснабдување и оградување на зоните.

целиот текст прочитајте го на Лидер.мк

-Во 2015 год, ќе продолжиме со доизградба на слободните зони во Кичево и Струга, од причина што во овие две зони веќе се потврдени инвестициите на компаниите КСС (Key safety systems) i “ODW Electric” Компании кои започнаа со браунфилд инвестиција, односно со производство во адаптиран објект, за потоа да го лоцираат својот погон токму во овие зони. Во тек е и инфраструктурната изградба на слободната зона Ранковце, зона во која ќе се сместат производствените капацитети на мултинационалната компанија Weibo, објаснува Мизо.

Според проекциите во првата половина на 2015 ќе се заврши изградбата на прва фаза од внатрешна инфраструктура од зоните во Радовиш, Берово, Виница и Делчево. Односно, со основањето на зоните и почетокот на првата фаза од инфраструктурната изградба ќе се реализира планот за опстојување на 15 слободни зони низ целата територија на државата.

-Доколку, нови компании донесат одлуки за инвестирање во слободните зони Скопје1, Скопје 2 и во Штип, зони кои се инфраструктурно уредени и функционални. Дирекцијата ќе работи на доизградба на соодветна инфраструктура за приклучоци до нивните парцели, објаснува Мизо.

04.10.2014 - 10:45

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега