Минимална победа на Ремс против Бордо
Екипата на Ремс славеше минимална победа од 1:0 против Бордо, во првиот натпревар од 9.коло на фудбалското првенство на Франција.
Стрелец на победничкиот гол за домашниот тим беше Одаир Форте во 32-минута од натпреварот.
Денеска и утре ќе се играат останатите натпревари, од кои го издвојуваме последниот, во недела од 21 часот кога шампионот Париз Сен Жермен ќе го пречека составот на Монако.
Комплетни двојки за 9.коло во француската Лига 1: (сабота) Кан - Олимпик Марсеј, Бастија – Лориен, Рен – Ленс, Ница – Монпеље, Евијан – Мец, (недела) Сент Етијен – Тулуз, Олимпик Лион – Лил, Гингамп – Нант и Париз Сен Жермен – Монако.
Табела: Олимпик Марсеј 19 бодови, Бордо 17, Лил 15, Париз Сен Жермен 14, Мец 14, Сент Етијен 14...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа