Обдукцијата завршена: Еве како монструмот се изживувал над Ивана

 

Завршена е обдукцијата на телото на убиената Ивана Подрашиќ при што биле констатирани стравични повреди кои на несреќната девојка и ги нанел монструмот Дарко Костиќ.

ivanaa500

- Констатирани се тешки повреди на главата од удар со тап предмет, најверојатно мотика. На вратот на девојчето се пронајдени и траги од насилно давење, а по целото тело имала очигледни модриники и повреди, што докажува дека Ивана се борела за својот живот, додека убиецот ја тепал, рекол извор од истрагата за српски Блиц.

Обдукцијата докажала и дека девојчето било брутално силувано.

- Повредите се очигледни, а самото силување го призна и уапсениот. Обдукцијата покажа дека девојчето преживеало вистинска тортура од силувачот, што ќе биде потенцирано во обвинението кон убиецот, додал изворот.

05.10.2014 - 18:50

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега