Американките го одбранија златото
Кошаркарките на САД го одбранија златниот медал на Светските првенства. Тие синоќа во Истанбул, во финалето ја победија селекцијата на Шпанија со 77:64.
Титулата Американките ја одбранија практично со добрата игра во првиот дел кога имаа водство од 48:29.
Најефикасна на натпреварот беше 25-годишната Маја Мур со 18 поени.
За Американките ова е вкупно 9. злато на светските првенства, а први на шампионатите биле уште репрезентациите на поранешниот Советски Сојуз (6 златни медали) и Австралија и Бразил по еднаш.
За Шпанија сребрениот медал е најдобар пласман на светските првенства.
Во дуелот за третото место Австралија убедливо го победи домаќинот Турција со 74:44 и го освои бронзениот медал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа