Откриен идентитетот на прегазениот старец во Врапчиште
Седумдесет годишниот Беадин А. утрово околу шест часот го загубил животот на регионалниот пат Топлица-Врапчиште. Постои смонеж дека е жртва на сообраќајна несреќа што ја предизвикал малолетник, информираат од СВР Тетово.
Извршен е увид од јавен обвинител и крим техника, а во гостиварската населба Дутлок, пронајдено е и возило за кое постои сомнение дека учествувало во сообраќајката. Во гостиварската полициска станица бил повикан 14 годишен малолетник и во присуство на неговите родители е распрашан.
06.10.2014 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа