Седум aтрактивни локации за влез на нови инвестиции во Илинден

 

Општина Илинден објави нови 7 атрактивни локации на градежно земјиште, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање до утре до 16 часот. 

Во прилог се наоѓа табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина на градежната парцела, површина за градење, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по метар квадратен, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

 

06.10.2014 - 13:01


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега