Намалени цените на угостителските услуги

 

Цените на угостителските услуги во септември во однос на август годинава се намалени за 0,2 проценти. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, споредено по групи на услуги, зголемување  е забележано во групите „храна“ за 0,7 проценти, а во групата „ноќевања“ намалување за 2,7 проценти.

Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, цените на угостителските услуги се намалени за 1,4 проценти.  Во периодот јануари- септември годинава, во однос на истиот период од минатата година, цените се намалени за 0,8 проценти, а во однос на декември минатата година се зголемени за 0,4 проценти, говорат податоците на Статистика.

06.10.2014 - 13:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега