Голема полициска акција: Разбиена група која криумчарела мигранти

 

МВР откри организирана криминална група во Република Македонија, како дел од меѓународна организирана криминална мрежа, инволвирана во активности со криумчарење на мигранти.

Во акцијата се приведени девет лица, додека три не се достапни за органите на прогонот.Извршени се претреси во Скопје, Куманово и село Ваксинце, на коишто живееле или престојувале дел од членовите на криминалната група. Во Ваксинце пронајдени се вкупно 37 илегални мигранти од Сирија. За транзит низ Македонија се плаќало по 1.500 евра од мигрант, а трансферот на пари од криминалната група во Грција до Македонија и Србија се вршела преку Вестерн Унион.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на прес-конференција информира дека ќе биде поденсена кривична пријава против 13 лица за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнвуање на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ и „криумчарење мигранти“. Лицата се на возраст од 22 до 40 години од КСопје, Куманово, село Лојане, Ваксинце и Банско-Струмица.

Јанкулоска појасни дека три лица од Скопје на возраст од 34 до 40 години со цел стекнување противправна имотна корист, предводени од лице од Пакистан, во земјава подолг временски период во содејство со лица од криминална група од Грција криумчареле мигранти преку илегални премини во околината на Гевгелија.

- Од таму координирано и на утврдени места се вршело прифаќање на мигрантите и на организиран начин со возила се превезувале до Куманово, каде што во селата Ваксинце и Лојане мигрантите се засолнувале и времено се сместувале, а подоцна преку илегални премини ги криумчареле во Србија, појасни министерката за внатрешни работи, додавајќи оти мигрантите се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други земји од блискиот и далечниот исток.

Пакистанскиот државјанин им давал инструкции на членовите на криминалната група за безбедно прифаќање и за нивната траса за движење односно дали е безбедно и дали има или не полициски патроли. На тој начин, „организираната колона“ товарното возило со мигрантите и чистачи возила на патот од Валандово, преку Струмица, штип и Свети Николе се упатувала кон Куманово.

Во тек е превземање мерки и активности, информира Јанкулоска, со цел пронаоѓање и лишвуање од слобода на други лица инволвирани во криминални активности.

06.10.2014 - 15:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега