Шарапова го освои турнирот во Пекинг

 

Руската тенисерка Марија Шарапова во финалето ја совлада Чехињата Петра Квитова со 2:1 во сетови.

Шарапова со резултат 6:4, 2:6 и 6:3 по сетови, освои 1.000 ВТА бодови и 918.000 долари.

Во текот на турнирот во Кина Марија ги победи и Канепи, Свитолина, Кузњецова, Ивановиќ, како и Суарез Наваро, без загубен сет.

Шарапова тргна одлично и освојувајќи го првиот сет овозможи мирен натпревар, а со квалитетните потези и со шампионско издание, ги заслужи почестите во Пекинг.

06.10.2014 - 18:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега