Трагедија во Битола: Жена се фрли од зграда
Битолчанка денеска си го одзеде животот скокајќи од зградата кај поранешен ЈАТ.
Нејзиниот идентитет се уште не е утврден.
По скокот од зградата средовечната жена веднаш била префрлена во болница каде само е констатирана смртта. Tелото на несреќната жена е пренесено во капелата на Клиничката болница кадешто ќе се чува додека да се утврде нејзиниот идентитет. Жената не е веднаш идентификувана зошто очевидци од зградата тврдеа дека не ја познаваат.
06.10.2014 - 22:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа