Во „Фервекс“ има бактерија ентерокока
Властите во Франција извршиле детални испитувања на медикаментот против грип „Фервекс“, кој минатиот месец беше повлечен од продажба бидејќи во одреден тип на овој производ било утврдено нетипично микриобиолошко присуство. Според романската новинска агенција „Медиафакс“, француските власти утврдиле дека во „Фервекс“ има бактерија ентерокока која може да предизвика гадење, повраќање и дијареа.
На крајот од минатиот месец, македонската компанија ’ФармаСвис’, која е увозник на овој производ, доби известување од Bristol Mаyers Squibb за доброволно повлекување на сите серии од производот „Фервекс“. Во документите доставени до „ФармаСвис“ не беше наведено кое е штетното микробиолошко присуство во овие производи.