Дали и нас не чека наредба од ЕУ? - Хрватска веќе забрани продажба на лековити билки и природни лекови меѓу кои и чаевите и медот!

 

Додека Балканот со обожавање сонува за бескрајниот плав европски круг, истиот полн со жолти звездички, дека еден ден и тие ќе имаат економија како најразвиените земји, некои работи минуваат речиси неприметливо.

На пример една од балканските земји Хрватска, меѓу останатото го има потпишано злогласниот КОДЕКС ALIMENTARIUS?

Владата на чело со Јадранка Косор во 2010 година со насмевка на лицето го потпиша Кодексот Alimentarius и уште еднаш хрватскиот народ стана роб на нечовечките прописи и укази кои го кројат животот на луѓето преку законите со маркички од ЕУ! Фала ви уште еднаш!!!

Хрватска го потпишала Кодексот Alimentarius и забрани некои од билките како што се „stevij“ и @ batat“ во исхраната кои што според нив не се доволно истражени. За разлика од нив, аспартамот мина без проблем и покрај неговите познати штетни влијанија врз здравјето на човекот... ова е само почеток!

Од лековитите билки, витамини, минерали, додатоци во исхраната, традиционални природни лекови, воглавно средства од алтернативната медицина и природно лечење, мора да се обезбеди сертификат кој ќе треба да биде видливо истакнат на амбалажата. За да се дојде до сертификат треба неколку години контрола и научно истражување. Истражувањето за секој производ чини околи 100.000 евра.

 

„Ова е удар на алтернативната медицина и постапка на фармацевските компании кои вложуваат милиони во синтетички лекови. Тоа значи крај на тревките и медарите. Поради тоа што Хрватска одамна го има потпишано кодексот на Аlimentarius во својата правна легислатива, може да се очекува дека брзо ќе донесе пропис во склоп со Директивата 2004/24/EC која го одзема правото на алтернативно лечење. 

07.10.2014 - 10:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега