Крими бркотница во прилепско: Полицијата му пукала во гумите, излетал од патот па го уапсиле
Вистинска крими ркотницасе случувала вчера во прилеппското село Ропотово кога полициски службеници се обиделе да застанат камион кој нелегално превезувал огревно дрво.
Во тој момент, 38 годишниот С.Е. од селото Црнилиште со Голф и го попречил патот на полицијата која веќе тргнала во потера во камионот. Возачот на Голфот удрил во полициското возило и се испречил меѓу нив и камионот, при што ги принудувал полицајците да ја намалат брзината со што му овозможил на камионот да побегне во непознат правец.
Полицјаците во тој момент извадиле оружје и пукале во гумите на голфот.
Во тој момент 38 годишниот С.Е. загубил контрола над автомобилот и излетал од патот по што полицијата усепала да го приведе. Веднаш потоа приведен е и неговиот 32 годишен брат М.Е. а полициските службеници работат на целосно расчистување на случајот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа