Битола: Благајникот и директорот проневериле над 700.000 денари во Заводот за деца со оштетен слух
67-годишниот битолчанец П.Г. инаку поранешен директор на Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ и 56-годишниот М.Б. вработен како благајник-архивар ја злоупотребиле својата службена положба така што во периодот од месец март 2009 до месец Јули 2011 година во повеќе наврати потрошиле средства за патни и дневни трошоци во земјата и странство од буџетската сметка на Заводот. М.Б. во својство на службено лице-благајник-архивар во заводот, му вршел исплата на П.Г. Исто така П.Г. ја злоупотребил својата службена положба на начин што од сметката на Заводот извршил задолжително осигурување од автоодговорност и извадил зелена карта за приватно возило и дозволил ненаменска исплата на фактура за ноќевање во хотел во Охрид за неговата сопруга. Вкупната материјална штета која е предизвикана со превземените дејствија и која е нанесена на Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ изнесува 710.563 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа