Телото пронајдено во Егејско море е со иста висина како Дениса

 

Завршена е обдукцијата на пронајденото тело на Карпатос за кое постои сомневање дека е исчезната Дениса, сега се чека примерок од ДНК од роднините за да се направи споредба. – велат за Канал 5, од институтот за судска медицина на островот Родос.

Форензичарот Панајотис Котрецос кој ја правеше обдукцијата, за Канал 5 вели дека поради лошата состојба во која било телото не може да се утврди точната причина и времето кога настапила смртта, меѓутоа немало траги на насилство и веројатно станува збор за давење. Тој додава дека чекаат ДНК примерок од роднина на Дениса, за да може и официјално да се потврди или демантира дека пронајденото тело е на исчезнатата македонка. Најчесто анализите завршуваат за 2-3 дена од моментот кога ќе се добие примерокот од роднина.

Телото кое во саботата го пронајде крајбрежната служба на островот Карпатос, било без облека, а морето веднаш до трупот исфрлило и една обувка – објаснуваат за Канал 5 одговорните за истрагата.  Велат дека во случај на давење и толку дена поминати во море  логично е што телото било без облека. И оттаму ги потврдуваат сомневањата дека станува збор за Дениса Маркоска, а како еден пример ја посочуваат висината, 1.65 што одговара на висината на 23 годишната Македонка.

07.10.2014 - 13:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега