ФОТО: Ова е кучето кое одбило да умре- преживеало еутаназија

 

Мажјакот Лазар стар околу четири години не е расно куче и било оставено од својот сопственик откако го удрило автомобил, па на изненадување на ветеринарите успеал да преживее еутаназија.

Во месец август кучето било донесено во стационар за кучиња, каде што го довел неговиот поранешен сопственик кој рекол дека повеќе не може да се грижи за него бидејќи се сели.

Кучето било во многу лоша состојба и имал срцеви проблеми, како и исеченици и повредена нога, на основа на што ветеринарите утврдиле дека бил удрен од автомобил.

Тоа со денови седело во стационарот, иако волонтерката Кортни се обидувала да му пронајде дом, сепак никој не дошол да го земе. Не гледајќи друг избор, вработените во стационарот решиле на 10 септември да го успијат кучето.

Ванда Снел, полицаец за животни, присуствувала на еутаназијата. Таа рекла дека го видела кучето како малку се помрднал откако му била вбризгана смртоносната доза, но потоа се смирил. Мислејќи дека е мртво, го оставиле само во просторијата.

Наредниот ден кога Снел пристигнала на работа не можела да им верува на своите очи кога видела дека кучето било живо и дури излегло да се напие вода таа се шокирала.

Неколку дена кучето било по малку нестабилно и имал проблеми со рамнотежата, па немало никакво сомневање дека во неговото тело се уште има траги на лекот. Меѓутоа проблемите многу брзо поминале.

Кучето ја добило втората шанса за живот и го добило името Лазар, според библискиот лик кој го оживеал Исус.

Името му го дала Кортни која има своја теорија за неговата чудесна победа.

„Неговото тело било силно, тој имал желба за живот и некако успеа да преживее“ смета Кортни.

По месец дена од неуспешната еутаназија, за Лазар конечно било најден дом.

 

 

07.10.2014 - 14:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега