Случај Дениса: Немало траги на насилство врз најдениот женски труп

Аутопсијата на телото кое беше пронајдено крај островот Карпатос ги потврди информациите дека има сличности со Македонката Дениса Маркоска која исчезна од брод на 12 септември.

Извори од македонското МНР вчера соопштија дека грчката полиција ги информирала дека е најдено тело кое според описот кореспондира на исчезнатата.

Со оглед на тоа што телото било во напредна фаза на распаѓање, за сега не може да се утврди причината и времето на смртта, односно дали станува збор за давење или смртта настапила пред телото да дојде во допир со морето.

Форензичарот Ланајотис Котрецос, кој ја правел обдукцијата, за македонската телевизија Канал 5 изјавил дека на телото немало траги на насилство и веројатно станува збор за давење.

Родителите на Маркоска за некои медиуми потврдиле дека од нив е побаран примерок од ДНК, со чија анализа ќе се утврди или ќе се демантира дали се работи за исчезната 23 годишна Македонка.

07.10.2014 - 15:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега