Влезниците за дуелот Вардар – Ранј Некар пуштени во продажба

 

Од денеска пуштени се во продажба влезниците за претстојниот натпревар на ракометарите на Вардар против германскиот претставник Рајн Некав во рамките од 2.коло на Лигата на шампиони.

За дуелот кој е во рамките од Ц групата, а ќе се игра во недела (12 октомври 2014) во СЦ „Јане Сандански“ во продажба се пуштени околу 1.000 билети, во блоковите за седење. Тие се продаваат по цена од 350 денари.

Од РК Вардар информираат дека за овој дуел дополнително ќе бидат пуштени и околу 600 билети за стоење, во дел од секторите каде за тоа има место, а нивната поединечна цена ќе биде по 120 денари.

Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или он-лајн преку продажната мрежа на MKtickets.mk. Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 9 до 21 часот секој работен ден.

07.10.2014 - 17:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега