УБИСТВО ВО ГОСТИВАР: Жена избодена во подрум

Шеесет и двегодишната гостиварка М.Ј. е најдена мртва во подрумските простории на семејната куќа на улицата „Белградска“ во Гостивар. Жената имала рани нанесени од остар предмет. 

Полицијата информира дека за убиството е осомничен нејзиниот сопруг, кој во моментот е на распит во полициската станица - Гостивар.

Случајот во полиција бил пријавен попладнево околу 18 часот и екипа на крим техника и јавен обвинител врши увид. 

Засега нема официјални потврди кои биле мотивите за убиството и како е извршено

07.10.2014 - 20:19


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега