МЗТ со победа ја сефтоса новата сала - Фемили одлични

 

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа го почнаа настапот во својот нов спортски дом.

Во премиерниот натпревар во новата спортска сала „Јане Сандански“ одигран вечерва, МЗТ Скопје го победија хрватскиот тим Задар со 72:58 .

Во дуелот од 2.коло на АБА лигата, аеродромци во прекрасна атмосфера, ја остварија првата победа сезонава.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Цветковиќ, кој постигна 16 поени, додека Цинцадзе и Маринковиќ придодадоа по 13 поени.

Покрај овој дуел денеска се одиграа и средбите: Олимпија – Цедевита 77:67 и Цибона – Црвена Звезда во тек .

За утре закажани се натпреварите: Шолнок – Металац (18 часот), Игокеа – Будуќност (18), Левски – Мега Визура (18) и Партизан – Крка (20).

07.10.2014 - 22:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега