Јувентус сака да го продаде Видал

 

Разочаран од однесувањето на Артуро Видал, италијанскиот шампион Јувентус во зимскиот преоден рок најверојатно ќе го продаде Чилеанецот, објави денеска „Тутоспорт“.

Видал минатата недела во раните утрински часови се степал со обезбедувањето во еден бар поради непозната девојка. Подоцна се покажало дека тој бил во алкохолизирана состојба.

Поради недоличното однесување на Видал, клубот го казни со 100 илјади евра, а го немаше ниту во составот на последниот дуел со Рома.

Јувентус наводно очекува заработка од околу 40 милиони евра од продажбата на Видал.Како негова алтернатива се споменува Џердан Шакири од Баерн Минхен.

Тој беше цел на Јуветус и во претходниот преоден рок, но тогаш трансферот на швајцарскиот репрезентативец не се реализира. 

08.10.2014 - 09:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега