Детали за апсењето на судиите во Скопскиот суд

Дваесет и пет лица од  Основниот суд Скопје 1 – оддел за прекршоци, од кои 13 судии, изутрината се приведени поради несовесно работење во службата. Тие го оштетиле буџетот за 68.000.000,00 денари.

- Сомнението е дека во текот на 2010 година до нив биле доставени предмети Барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени праични казни, а не биле доставени на извршување, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во Основното јавно обвинителство Скопје продолжува истражната постапка против 25-те осомничени со цел утврдување на сите факти и докази во предметот.

08.10.2014 - 10:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега