Волк задавил стадо овци во Делогожда

Волк уништил стадо овци во струшкото село Делогожда кое лежи на јужниот дел од планината Караорман. Сопственикот на стадото Џабир Даути вели дека од 20 овци биле спасени три, а пет избегале за да се спасат од крволочното животно. 

- Ова ми се случува првпат. Вратив назад само три овци, а петте кои останаа живи, се уште не можеме да ги најдеме. Со ова, ми е направена материјална штета од околу две илјади евра, вели Даути. 

Сточарот Даути го одгледува добитокот на само десеттина километри од Струга.

08.10.2014 - 11:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега