Нови детали за Дениса Маркоска

Во текот на вчерашниот ден ДНК-та од родителите на Дениса од која нема ни трага ни глас била пратена во Грција. Како што јавува Канал5, ДНК анализите се завршени и испратени преку Интерпол во Грција. Примероците треба да бидат доставени до Родос каде ќе се споредуваат со женскиот труп во фаза на распаѓање кој беше пронајден во саботата во водите на Егејското Море.

Грчките власти се сомневаат дека телото е можеби на Дениса Маркоска.

 

08.10.2014 - 11:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега