Тешка сообраќајка на Тетово - Гостивар: Две жени се борат за живот

Две жени од кичевска Пласница се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот Гостивар-Тетово. Тие патувале во возило кое се превртело во близина на „неготинска клучка".

Автомобилот  „хјундаи-акцент" што го управувал 68-годишниот Р.Н. од Пласница Кичевско од сé уште неутврдени причини изгубил контрола и удрил во заштитниот ѕид. Од ударот возилото се првртело на коловозот при што двете сопатнички Б.Н. (43) и М.Н. (38) се здобиле со тешки повреди. Набрзо по несреќата, биле згрижени во гостиварската болница, а потоа како итни случаи се пренесени на скопските клиники.

 

08.10.2014 - 11:40


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега