ДЕТАЛИ: Ја давел па ја заклал - маж си ја уби сопругата во подрум во Гостивар

 Шеесет и двегодишниот Ф.Ј. синоќа е приведен под сомнение дека ја убил сопругата Мурадије Ј. (62) во подрумот во семејната куќа на улицата „Београдска“ во Гостивар.

Во текот на денот, осомничениот гостиварец, се очекува да биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Првичните резултати од направениот увид на јавниот обвинител и екипа на полициската станица Гостивар, покажале дека доцна попладнето Ф.Ј. со остар предмет, најверојатно нож, ја избол сопругата осум пати, која од здобиените рани искрварела до смрт.

Случајот во полиција го пријавил помладиот брат на осомничениот, откако телефонски се слушнале.

Двајцата сопружници живееле сами. Соседите и роднините не сакаа да коментираат за настанот и го оквалификуваа како семејна трагедија.

Еден кујнски нож и други предмети се дадени на вештачење.

Ова е второ убиство, годинава кое регистрирано на гостиварското подрачје

08.10.2014 - 12:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега