Тетово: Полицијата влезе во Желино

Во текот на вчерашниот ден извршен бил претрес во домот и помошните простории на 55-годишниот М.Б. во Желино, тетовско. Во претресот пронајдени и одземени се повеќе предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби во трговски и други објекти во Тетово: рачен циркулар, делови од хилт, бургии, електричен кабел, фотоапарат, лаптоп, рачни часовници, паричник, флекс, бормашина, телевизор и друго. Извршен е претрес и во домот на 25-годишниот Ј.Б.од Желино при што кај истиот пронајдени се тренерки, јакни и мобилен телефон. Пронајдените предмети и неговото патничко возило „БМВ“, за кое постои сомнение дека било користено во повеќе кражби, одземени се и истите ќе се вештачат. По целосно докуемнтирање на случајот ќ е биде поднесен соодветен поднесок.

08.10.2014 - 12:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега