Ѓуровски: Нема веќе лесни противници

 

Бошко Ѓуровски селекторот на македонската фудбалска репрезентација  побара максимално залагање од неговите избраници на утрешниот дуел со репрезентацијата на Луксембург за која рече дека во никој случај не треба да се гледа како лесен противник.

 Луксембург не е нималку наивен противник. Впрочем во современиот фудбал нема веќе лесни противници. Ќе мора да играме максимално ангажирано за да ја оствариме целта. До победата може да дојдеме со чести напади по страничните линии, со поголем посед на топката и со 12 до 15 удари кон противничкиот гол. Но, не смееме да ги заборавиме нивните контри. Во случај на загубена топка и нивен против напад нашите стопери ќе треба да направат тактички прекршок и да спречат опасност по нашиот гол. Ќе играме со офанзивна формација, истакна Ѓуровски на денешната прес-конференција.

Победа за подигнување на атмосферата пред гостувањето во Украина посакува Александар Трајковски.

Треба да одиграме храбро и да покажеме дека имаме квалитети. Со добар резутат и освојување на трите бода да создадеме добра атмосфера и со оптимизам да заминеме на гостувањето во Украина, истакна Трајковски.

Квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2016 меѓу Македонија и Луксембург ќе се одигра утревечер од 20 часот и 45 минути на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

08.10.2014 - 15:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега