Драма во Скопската Чаршија: 15 луѓе со палки го демолираа кафулето на Адријан Гаџа

Кафулето "Гаџа бар" во саботата навечер било мета на петнаесетина насилници кои вооружени со палки упаднале и го искршиле, но повредиле и неколку гости и еден од сопствениците, јавува Вечер

Хулиганите сите ги знаат и не им е прв пат. Некој ги штити и им дозволува да ги тероризираат дуќанџиите во Чаршија. Меѓутоа, јас ќе им застанам на пат и ќе ја барам правата а тие ќе одговараат пред законот - вели Емин Гаџа, татко на пејачот Адријан, чиј локал во саботата настрада од дивеењето на петнаесетина млади хулигани. Тој тврди дека насилниците имаат заштита или во полицијата или во општинската власт бидејќи ова не е прв ваков инцидент само што досега жртвите молчеле.

-Во 35 години работа ова е прв пат да ми го искршат локалот. И тоа го прават Албанци на најголемиот празник. Се прават верници а го сквернават празникот. Кој стои зад нив. Ова не е прв пат вака да прават. Нонстоп прават проблеми не само кај мене туку и во други кафулиња низ Чаршијата - објаснува тој.

Гаџа потенцира дека не станува збор за групата насилници која го демолираше локалот "Њу Орлеанс", за што затворска казна доби водачот на навивачката група "Шверцери", Омер Буњаку и додаде дека ниту "куририте", ниту парите нема да минат кај него, бидејќи ќе бара казни.  

- Ова се "госпоѓи хулигани". Од таа страна на Вардар тие се намирисани и депилирани и молат за да влезат, а од оваа страна се хулигани. Јас не им се плашам. Јас го правам ова за доброто на Чаршијата иако никој не ми се придружи. Нека не праќаат луѓе или пари. Го прекршија законот и ќе одговараат - рече Гаџа.

 

Тврдењата дека тие се заштитени од некој ги поткрепи со фактот што при полицискиот увид не биле фотографирани оштетувањата. 

-Влегоа со палки и почнаа да кршат се пред нив. Удираа, фрлаа по гостите без разлика дали е машко или женско. Мојот партнер заврши со расцепена глава. Кога дојде увидната екипа да прави записник, полицаецот не направи ниту една фотографија за да ги документира оштетувањата. Дали е тоа нормално? Јас ќе поднесам пријава против тој полицаец, кој уште се дрзна да ми каже да си ја гледам работата - обвинува Гаџа. Сепак, тој има снимки од видеонадзорот кои ги доставил кај полицајци за кои вели дека се чесни и дека се обврзале дека ќе ја истераат истрагата до крај. Според Гаџа, штетата што ја предизвикале во локалот била голема, изгубил гости, гостинот од Албанија не настапил, а ја откажал и забавата која требало да се одржи наредниот ден во неделата. Од скопската полиција нема информации дали има приведени или осомничени лица но потврдуваат дека инцидентот е регистриран и дека тече истрагата 

08.10.2014 - 23:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега