ФОТО: Скопјани ја видоа „крвавата Месечина“

И вчера на плоштадот во Скопје имаше поставено телескоп со кој скопјани имаа можност да ги видат промените на месечината, односно целосното затемнување на Месечината.

Тој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се на исто рамниште. Тогаш Месечината добива црвен отсјај, бидејќи влегува во сенката на Земјата, поради што таа појава често се нарекува “Црвена Месечина” или “Крвава Месечина“.

Затемнувањето ќе започне во 11 часот по средноевропско време и ќе трае 3 часа и 30 минути, навела НАСА.

НАСА додава дека наредното затемнување ќе се случи на 4-ти април и 28-ми септември 2015-тата година.

09.10.2014 - 09:20
Фото: 
Лидер


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега