Позната македонска фолкерка го прегазила старецот на Рузвелтова!

Позната фолк пејачка од македонската естрада вчера попладне прегазила пешак на улицата Рузвелтова во Скопје. Пејачката со својот автомобил удрила во старец кој ненадејно и го попречил патот, пренесува Вечер.

За потсетување, несреќата се случи во 16 часот и 10 минути кога на улицата "Франклин Рузвелт" поточно во близина на крстосницата со улицата "Роџер Бошковиќ", А.А. (47) од Скопје со својот автомобил Ауди, со скопски регистарски таблички, удрила во скопјанецот Киро Деловски (76) од Скопје.

Полицијата извршила увид, а телото на починатиот скопјанец било дадено за обдукција.

09.10.2014 - 09:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега