ЕХФ ракометна најава: Прошетајте низ Скопје - градот кој плени со убавина

Европската ракометна федерација го прогласи мечот помеѓу Вардар и Рајн Некар за дерби на третото коло во Лигата на шампионите. На официјалната интернет страница е објавен текст во вид на најава за натпреварот кој ќе се одигра во недела. Коментарот е на Том О’Бранаган, кој освен за мечот Вардар-Рајн Некар, имаше комплименти и за градот Скопје.

-Ако некогаш добиеште шанса, прошетајте во центарот на Скопје, покрај реката Вардар. Навистина, тоа е еден од најнеоткриените главни градови во Европа и плени со својата убавина“, почнува текстот на О’Бранаган, кој потоа се наврати на натпреварот:

-И двата тима, всушност, имаат проблем на десната бековска позиција. Душебаев за Вардар и Петерсен за Рајн-Некар се одлични ракометари, но немаат замена. Ако го мериме натпреварот според овие двајца, тогаш поголеми шанси има Вардар, зашто ќе претпоставите дека повеќе би издржал младиот Алекс, вели ирскиот коментатор.

Комплетниот текст можете да го прочитате на официјалната страница на ЕХФ.

09.10.2014 - 10:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега