Нова станбена зграда ќе „никне" во Илинден

Во непосредна близина на спортскиот центар во населеното место Марино, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски постави камен темелник на нова станбена зграда.

Новиот станбено-деловен објект ќе се простира на површина од 3.000 метри квадратни, на пет нивоа, со 25 стана и 5 деловни објекти. Зградата ќе располага со станови со различни површини и тоа од 41, 51, 60, 75 и 105 метри квадратни, како и  подземна гаража.

Објектотот го гради фирмата “Ингра“, а инвеститор е Ненад Јаневски. Вкупната инвестиција изнесува 900.000 евра, а зградата треба да биде готова за 10 месеци.

Ова е втора од предвидените 4 станбени згради што треба да бидат изградени во близина на спортскиот комплекс во н.м. Марино.

09.10.2014 - 12:25
Фото: 
курир


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега