Драма на улиците во Скопје: Со 150 на час влетал во делегација придружувана од полициајта

Вистинска драма се случувала вчера во вчерта во центарот на Скопје. Очевидци за Press24 велат дека автомобил со огромна брзина влетал во делегација која под полициска придружба се движела од  кај Стоковна куќа Мост.
„Имаше полицајка која го регулираше сообраќајот и ја чистеше улицата за да помине делегацијата. Тогаш еден возач со огромна брзина, од правецот на Бит Пазар им пресече пат и влезе во делегацијата. Полицијата веднаш реагираше. Со вклучени ротациски светла тргнаа по него, но тој се одвои и замина во правец на Центар, каде најверојатно успеале да го застанат“ вели еден наш читател кој бил очевидец на настанот.
Додава дека сликата била страшна бидејќи малку фалело, возачот со огромна брзина да се забие во некое од возилата кое очигледно превезувало некоја важна личност со оглед на полициската придружба.

 

Од полицијата се уште нема официјална информација за овој настан.

Фотографиите кои беа објавени вчера во медиумите покажуваат дека полицијата откако го стигнала возачот, извршила претрес на возилото за да види за што станува збор.  

09.10.2014 - 12:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега