Двајца скопјани завршија зад решетки
СВР Скопје го лиши од слобода 41-годишниот Горанчо Д. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години и шест месеци, за сторени кривични дела “злосторничко здружување” и “фалсификување исправа”. Истиот е спроведен во Затвор – Скопје.
Исто така, завчера СВР Скопје го лиши од слобода и 61-годишниот Љубе С. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години и три месеци, за сторени кривични дела “злосторничко здружување” и “злоуотреба на службената положба и овластување”.
09.10.2014 - 13:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа