Починал на лице место - тинејџер од Кичево загина во сообраќајка

 

Уште една страотна сообраќајка ја потресе Македонија. Тинејџер го загуби животот денеска во 13 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј, откако управувајќи моторцикл марка „Јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „Фијат Добло“со кичевски регистарски ознаки. Се работи за 19-годишниот Луан Т. од Кичево кој за жал починал на лице место.

На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај, а сообраќајот е во застој.

09.10.2014 - 14:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега