Хирург од Прилеп заглави во притвор за мито
Прилепското Основно јавно обвинителство покрена обвивение против хирургот- специјалист од градската болница „Борка Талески“ за кривично дело примање поткуп.
Како што информираа од Обвинителството, обвинението е покренато, а за обвинетиот од Основниот суд е побарано да му биде продолжен притворот до 30 дена. Хирургот (61) Миле Н. е во притвор од 8 дена, кој истекува в сабота на 11 октомври.
Минатата недела полицијата го приведен хирургот-специјалист и му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата случајот го пријавила пациентка. Тој побарал и примал парични средства во вкупен износ од 24.000 денари, како и парични средства во вкупен износ од 12.000 денари во текот на лекарските контроли во февруари, март, април и мај 2014 година, со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 36.000 денари. Хирургот ја злоупотребил службената положба и побарал пари
во повеќе наврати за она што службено морал да го заврши - лекарски прегледи и хируршка интервенција, како и постоперативни контроли.
По наредба од Основното јавно обвинителство во Прилеп, полицијата со потврда од пријавениот одзела една банкнота во апоен од 100 евра, кои претходно биле криминалистички обработени.
Според прилепското обвинителство, судскиот процес против хирурхот-специјалист се очекува да почне кон крајот на месецов
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа